Еве од мене една идеја за десерт во чаша.

Подготовка:

1. Со жица за матење изматете ги жолчките, шеќерот, ванилата, брашното и малку од млекото. Остатокот од млекото загрејте го. Во млаз, со постојано мешање, додајте ја изматената смеса. Мешајте додека кремот се згусти. Оставете да се олади.

2. Путерот изматете го со шеќерот во прав. Додајте го изладениот крем, пирето од тиква и циметот. Изматете со миксер додека убаво се соедини.

3. Во чаши ставете по 4 колачиња искршени со раце. Нанесете од кремот. Одозгора ставете уште по 4 искршени колачиња и пак од кремот. Оставете да отстојат 1 час во фрижидер, па послужете.

*Забелешка - Пирето од тиква го правам такашто тиквата ја сецкам на поголеми коцки и ја готвам на пареа, а потоа ја толчам со толчник, но може и да изблендирате со рачен блендер.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани