Се зема една тиква. Се сечка на тркалца, потоа се лупи и се чистат семките. Тркалцата од тиквата се сецкаат на коцки кои ги редиме во Делимано Касеролата. Додаваме еден филџан вода, петте големи лажички шеќер. Ја поклопуваме кацеролата со стаклениот капак и се вари некаде од 20-30 мин се додека не испари водата од Кацеролата .
Послужуваме.
Навистина вреди да се направи. Едноставен брз и многу вкусен десерт од тиква .

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови