Двобојни слатки кифлички
Се замесува тесто со стасаниот квасец, брашното, зејтинот, шеќерот и кокосот. Тестото се дели на два дела - едниот останува бел и му се додаваат ванилите, а во другиот дел се става какаото. Двете половини се делат на по две топки од кои се сукаат корички кои се редат прво црна кора, па бела и малку со сукало се спојуваат а потоа се сечат на 16 парчиња од кои се виткаат кифлички и се печат по подмачкан плех
Кифличките додека се направат сите првиот плех веќе стасуваат и не мора мноигу да се чека пред печење.
Одкако ќе се испечат се поминуваат-провлекуваат низ сварениот шербет и се редат во плех. Постапката се повторува - значи двапати се провлекуваат низ шербет
Шеќерот се налева со водата и врие околу 5 минути па му се додава и ванилата.Шербетот треба да здивне малку да се подолади а кифличките топли,штом ќе се извадат од печење
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Без адаптирани дела
E sega, samo zaradi ubavata posledna slika, "ko za sproti gla", kako velime vo Bitola, napisi im "Vidi slika"
Uzivaj, se si e za 5-ka :))))
Сепак ни фали и онаа што ја постави на нашата страна на Фејсбук. Дури и можеш главна фотографија да ја ставиш, колку што е одлична. :)
i od koga ke gi svitkas odma gi pi4is ?
izvini ama koga ke gi klajs vo serbeto studen topol kako go prajs to ? fala
а кој ти ги гризнува кифличките за сликање? :) :) :) :)
фала на сите позз
Со нив готвиме при подготовката на видео рецептите и навистина сме задоволни. А дури и внимателни, бидејќи се многу остри :)
i blagodaram na site:)