Испечати

Двобојни слатки кифлички

Двобојни слатки кифлички

Состојки

  • 1кг брашно
  • 250мл млеко
  • 1свеж квасец
  • 250 мл зејтин
  • 3 јајца
  • 150гр кокос
  • 2лажици какао
  • 100гр шеќер во прав
  • 2 ванили
  • прелив
  • 500гр шеќер
  • 500мл вода
  • 2кесички ванила

Подготовка

Се замесува тесто со стасаниот квасец, брашното, зејтинот, шеќерот и кокосот. Тестото се дели на два дела - едниот останува бел и му се додаваат ванилите, а во другиот дел се става какаото. Двете половини се делат на по две топки од кои се сукаат корички кои се редат прво црна кора, па бела и малку со сукало се спојуваат а потоа се сечат на 16 парчиња од кои се виткаат кифлички и се печат по подмачкан плех
Кифличките додека се направат сите првиот плех веќе стасуваат и не мора мноигу да се чека пред печење.
Одкако ќе се испечат се поминуваат-провлекуваат низ сварениот шербет и се редат во плех. Постапката се повторува - значи двапати се провлекуваат низ шербет
Шеќерот се налева со водата и врие околу 5 минути па му се додава и ванилата.Шербетот треба да здивне малку да се подолади а кифличките топли,штом ќе се извадат од печење