Гулаш со пасирано свинско
Месото се сечи на коцки, кромидот исто. Во садот во кој ќе се припрема се става прво месото, да забели и да се испари од сокот (претходно се мие), се додава маслото малку да се подзарумени месото, после следува кромидот и морковот, да се пропржат, да добијат стаклест сјај при крај се става и лукот.
Говедската коцка за супа се раствора во 200 мл.врела вода, се додава во месото и се остава на тивко да крчка, кога скоро испари таа вода се става виното, поклопецот од садот повторно и цело време се готви гулашот со поклопец на тивко. Кога ќе испари виното се додава по половина чаша вода, некаде да достигнете онаа горенаведена количина при целиот процес на крчкање, се ставаат зачините.
По некое време повторно се дотура пола чаша вода и се така додека не поминат некои 2 и пол 3 часа, малку подолго време зашто е кртина месото и повеќе треба да се омекни. На крај пред да се тргни од оган се додава соја сосот, убаво се пасира со лајца за пире да се иситни колку е можно повеќе.
Прилог најчесто користам пире, ориз,макарони..
На здравје
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови