1. Месото го ставаме во сечко и го мелеме или на машина за мелење месо. Ги рендаме кромидот и лукот на ситната страна од рендето.
2. Во месото го ставаме јајцето, лебните трошки и зачините. Ја мешаме смесата.
3. На печурките им ги вадиме дршките.
4. Од смесата формираме плескавици со тежина од околу 60 грама. На средината од секоја плескавица ставаме печурка и ја обложуваме со месото.
5. На тавата ставаме хартија за печење која ја намаслуваме и на неа ги редиме гнездата.
6. Во средината на секое гнездо ставаме лажичка кајмак и ги печеме во загреана рерна на 200 степени додека да поцрвенат.
7. Пред крајот на печењето ставаме рендан кашкавал на секое гнездо. Ги враќаме во рерна да се стопи кашкавалот.

Сервираме со пржени компири и салата по желба.

Забелешка
Расплескувањето и формирањето на плескавиците во гнезда најдобро е да го правите помеѓу две најлонски фолии.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани