Гибаница со рикота и лук
Јајцата скршете ги и оделете ги белките од жолчките.
Белките изматете ги со миксер, а потоа додајте ги жолчките и маслото.
Откако смесата ке се соедини исклучете го миксерот и додајте ја рикотата во која претходно е додадено сецканото лукче.
Измешајте убаво со жица и додајте ја газираната вода.
Промешајте уште еднаш и посолете по вкус.
Садот за печење попрскајте го со масло.
Нанесете 4 кори и попрскајте ги сите со масло.
Во садот со фил потопувајте ги згужваните кори и редете ги во садот за печење.
Филот што ке ви остане нанесете го врз корите.
Врз филот ставете 3 кори и секоја попрскајте ја со масло.
Последната кора попрскајте ја и со малку газирана вода.
Печете на 200 степени, 30 минути.
Послужете ја топла со јогурт.
Лиценца: Сите права се задржани
Vo orientalnata kujna sekogas ima luk i magdonos vo testata so sirenje i navistina e mnogu vkusno :))