Влечени банички
Никогаш доста од месени работи =)
Немам многу искуство со влечено тесто, но благодарение на Дани и нејзиното детално видео за Колпите често си експериментирам и полека полека се подобрувам (да си се самопофалам =)))
1. Брашното просејте го и додадете ги шеќерот и солта. Постепено додавајте од водата за да добиете меко тесто кое сосем малку се лепи на раце. Месете подолго време, 10тина минути па и повеќе. Разделете го тестото на 6 еднави топчиња, намрсете ги убаво со зејтин, ставете ги на подлога и покријте со најлонска фолија. Оставете тестото да одмори најмалку 1 час (кај мене седеа час и половина) пред да поченете да работите.
2. Во однос на влечењето може да директно на намрсена работна маса или на чаршав. Од секое топче развлечете кора колку што може потенка. Попрскајте ја со растопен маргарин, па преклопете ги краевите до средината. Повторно попрскајте и ставете од филот. Пресечете на 2 дела, свиткајте ги како ролат и од секој завиткајте полжавче па префрлете на намрсен плех за печење.
3. За пица баничките, врз преклопената кора ставете од шунката (рендана или сецкана), наросете оригано и попрскајте со кечап.
За другиот фил
Сирењето раздробете го со вилушка и скршете ги јајцата па убаво измешајте (филот не треба да биде течен).
4. Ставете да се печат во претходно загреана рерна додека добијат убава златно-жолта боја. Нека се изладат малку, па послужете со чашка јогурт или кисело млеко.
Добар апетит =)
Од оваа количина излегуваат 12 средни банички.
Лиценца: Сите права се задржани
vlecenite kori sekogas se br 1 za mene