1. Марулата ја миеме и ја сецкаме. Јајцата ги сечиме на кругови и ги додаваме во марулата.
2. Зачинуваме со сол, масло и лимонов сок. Мешаме.
3. Пилешкото месо го сецкаме на коцки и го пржиме на врело масло.
4. Во истото тавче го ставаме лебот исецкан на коцкички да стане крцкав.
5. Кашкавалот го сецкаме на коцкички.
6. Во сад ги ставаме павлаката и мајонезот, додаваме лимонов сок и малку водичка, мешаме да добиеме компактна смеса.
7. Во садот со марулата и јајцата го додаваме кашкавалот и пилешкото месо. Мешаме.
Во чинија ставаме од салатата, врз неа ставаме коцкички леб и на крај ставаме од сосот.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани