Подготовка:

1. Во тава на оган се пржат колбасите сецкани на коцки. Се тргаат од оган. Во посолена вода врие прокељот, па штом малку омекне, се цеди од водата. Њоките се варат исто во посолена вода, додека не се кренат на површината на садот. Се цедат и тие се спремни.
2. Во садот кај колбасите се додава рузмарин и се запржува, Потоа се додаваат њоките и кратко се промешува.Се додава прокељот и се зачинува. Така спремната салата се префрла во чинија и додека е топла се покрива со пармезан или моцарела. Промешајте убаво и сервирајте. Превкусно е,.
На здравје

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови