Боранијата ставете ја да се обари во солена вода околу 15 минути. Потоа исцедете ја и измијте ја со ладна вода. Тиквичките исечени на подебели парчиња од 1 см ставете ги во вок тава да се издинстаат со малку вода околу 5 минути, заедно со ситно исечканото лукче. Оставете малку да се оладат потоа и измешајте ги со обарената боранија.

Во сад исмешајте ги сенфот, сокот од лимон, павлаката од соја, балзамираниот оцет, соја сосот, солта и мелениот бел бибер. Со овој прелив прелијте ја салатата од боранија. Измешајте ја и наросете ја со свеж магдонос. Едноставно и вкусно.

Пред да ја пробам боранијата на вака подготвен начин морам да признам дека воопшто не ја јадев, но во оваа комбинација се заљубив и се зачудив колку многу е вкусна. Пробајте верувам дека ќе ви се допадне. Поздрав и добар апетит!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови