Испечати

Вкусна салата со боранија и тиквички

Вкусна салата со боранија и тиквички

Состојки

  • 500 гр жолта боранија
  • 1 зелена тиквичка
  • 2 чешниња лук
  • 2 лажици сенф
  • 3 лажици растителна павлака(јас користев од соја, а може од ориз, овес или обична хопла ако не најдете ниедна од наведените)
  • сок од 1 лимон
  • 1 лажица балзамиран оцет
  • мелен бел бибер
  • 1 лажица светол соја сос
  • по желба француски или обичен магдонос

Подготовка

Боранијата ставете ја да се обари во солена вода околу 15 минути. Потоа исцедете ја и измијте ја со ладна вода. Тиквичките исечени на подебели парчиња од 1 см ставете ги во вок тава да се издинстаат со малку вода околу 5 минути, заедно со ситно исечканото лукче. Оставете малку да се оладат потоа и измешајте ги со обарената боранија.

Во сад исмешајте ги сенфот, сокот од лимон, павлаката од соја, балзамираниот оцет, соја сосот, солта и мелениот бел бибер. Со овој прелив прелијте ја салатата од боранија. Измешајте ја и наросете ја со свеж магдонос. Едноставно и вкусно.

Пред да ја пробам боранијата на вака подготвен начин морам да признам дека воопшто не ја јадев, но во оваа комбинација се заљубив и се зачудив колку многу е вкусна. Пробајте верувам дека ќе ви се допадне. Поздрав и добар апетит!