Салата со прокељ и редуциран балсамико оцет
Исклучително интересна салата е мојот денешен предлог
Пробајте ја.
Прво измиените главички прокељ ги сечиме на половина.
Ги ставаме во мала тава во која додаваме сол, бибер, маслиново масло.
Со раце убаво ги промешуваме.
Малата тава ја ставаме во загреана рерна да се печат околу 25 минути, да заруменат.
За тоа време во мала касерола го ставаме балсамико оцетот на тивок оган да се редуцира, односно, да се добие смеса со густина на мед.
Имајте во предвид, дека кога ќе се олади, ќе добие и на густина.
Сега ги соединуваме изладениот и печен прокељ, тостираните семките од сончоглед , тостираниот сусам и редуцираниот оцет.
Сервираме
Лиценца: Сите права се задржани