Вкусна салата со пилешко и варени јајца

Состојки
- 1 марула
 - 1 парче пилешко месо ( околу 50 гр )
 - 2 варени јајца
 - 30 гр кашкавал
 - 3 парчина леб
 - 2 лажички мајонез
 - 3 лажички павлака
 
Подготовка
1. Марулата ја миеме и ја сецкаме. Јајцата ги сечиме на кругови и ги додаваме во марулата.
 2. Зачинуваме со сол, масло и лимонов сок. Мешаме.
 3. Пилешкото месо го сецкаме на коцки и го пржиме на врело масло.
 4. Во истото тавче го ставаме лебот исецкан на коцкички да стане крцкав.
 5. Кашкавалот го сецкаме на коцкички.
 6. Во сад ги ставаме павлаката и мајонезот, додаваме лимонов сок и малку водичка, мешаме да добиеме компактна смеса.
 7. Во садот со марулата и јајцата го додаваме кашкавалот и пилешкото месо. Мешаме.
 Во чинија ставаме од салатата, врз неа ставаме коцкички леб и на крај ставаме од сосот.