Еве еден рецепт кој не одзима многу време, а има прекрасен вкус.
1. На оган во длабок сад го растопуваме маргаринот.
2. Додаваме шеќер во прав и промешуваме добро смесата да се соедини.
3. Откако смесата е изедначена, го додаваме ванилниот шеќер, а потоа и чоколадата во прав.
4. Оставаме убаво да се соедини со благо промешување.
5. На страна во рамен сад ги редиме хартиените корпици и во нив ставаме по некоја вишна.(пак сето тоа епо вкус, кој колку обожува вишни).
6. Врз вишните нанесуваме од врелиот крем кој претходно го подготвивме.

Напомена
Цела постапка треба да се одвива на побрз начин зашто ќе почне да се стврднува маргаринот.
7. Декорираме по желба и ставаме во ладилник.
8. Колачињата се спремни за послужување.
На здравје

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови