Испечати

Вишнови корпички‏

Вишнови корпички‏

Состојки

  • 300 гр вишни ( по потреба се става, но јас употребив толку од прилика )
  • 1 ванила
  • 250 гр. шеќер во прав
  • 250 гр. маргарин -коцка
  • 150 гр чоколадо во прав

Подготовка

Еве еден рецепт кој не одзима многу време, а има прекрасен вкус.
1. На оган во длабок сад го растопуваме маргаринот.
2. Додаваме шеќер во прав и промешуваме добро смесата да се соедини.
3. Откако смесата е изедначена, го додаваме ванилниот шеќер, а потоа и чоколадата во прав.
4. Оставаме убаво да се соедини со благо промешување.
5. На страна во рамен сад ги редиме хартиените корпици и во нив ставаме по некоја вишна.(пак сето тоа епо вкус, кој колку обожува вишни).
6. Врз вишните нанесуваме од врелиот крем кој претходно го подготвивме.

Напомена
Цела постапка треба да се одвива на побрз начин зашто ќе почне да се стврднува маргаринот.
7. Декорираме по желба и ставаме во ладилник.
8. Колачињата се спремни за послужување.
На здравје