Се делат жолчките од белките. Жолчките се матат со жица и постепено се додава палентата. На страна се матат белките во цврст снег и ги додаваме на смесата со палента. Маслинките се сечат на кругчиња и нив ги додаваме на палентата, потоа густинот, сол, бибер, оригано, пола од сирењето рендано и млекото и се добро се меша со лажица.На крај се додава малку од шунката сецкана во смесата и пецилниот прашак. Повторно измешајте.
Во плехче за печење (јас ја користев тавата со рачки на делимано) ја истураме смесата.Врз нејзе го дорендуваме останатото сирење, шунката, печурките и посолуваме со сусам.
Се пече на 230 С,30 минути.

Интересна пица и многу лесно се прави.
Уживајте

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови