Велигденска солена торта
Традиционална солена торта која се подготвува за време на Велигденските празници во Италија. Филот може да се направи од блитва или спанаќ. Јас во овој рецепт употребив блитва.
Во сад ставете го брашното, квасецот, маслото, солта, шеќерот и со водата замесете тесто. Оставете го да скисне и за тоа време подгответе го филот.
Листовите блитва сварете ги во зовриена посолена вода неколку минути колку да омекнат. Потоа убаво исцедете ја од водата и ситно исецкајте ја . Ставете ја во сад, додајте го сирењето, две јајца, зачините, презлата, посолете по вкус и измешајте.
Тестото поделете го на еден поголем дел и три помали.
Од поголемиот дел на набрашнета површина расучете кора да биде поголема од калапот (тепсивче бр 26) намачкајте го со масло и ставете ја кората, попрскајте ја со масло.
Земете еден помал дел и расучете кора во големина на дното, ставете ја во калапот и попрскајте ја со масло. Во иста големина расучете ја и втората кора и ставете ја во калапот.
Ставете го филот и порамнете.
На пет места од страна и едно на средина направете дупчиња (одприлика големи колку едно јајце) и во секое скршите по едно јајце (не мора да се големи) и малку посолете ги.
Расучете кора со третиот дел и ставете ја над јајцата. Превиткајте ја кората што виси и попрскајте ја со масло.
Загрејте ја рерната на 180-190 степени и печете ја околу 50 минути.
Се служи топла или ладна со јогурт.
Совет
- Јајцата во филот можат да се стават и варени како што е на сликата бр.4.
- Не треба да биде празник, доколку го сакате спанаќот или блитвата и е нивна сезона направете си ја тортата навистина е многу вкусна.
Лиценца: Сите права се задржани
ubava i dekorativna pozz
posluzi se :)
Cestitki za RD !!!!!!!
доста беше Мимоза салата :))
Честитки
Fala :)
Ја пробавме и во топла верзија со јогурт и во ладна верзија и ги доби сите преодни оценки,но одлучивме дека ладна ни е поубава,онака да си одлежи.
Не ми е сликана иако остана уште малку,но ако успеам да се станам од под ќебево топло,ќе добиете слика.
Немав многу блитва на лагер,па филчето ми е малку потенко :)
Честитки за РМ,овој рецепт мене дефинитивно ми беше фаворит!