Велигденска солена торта
Состојки
- Тесто
- 450 гр брашно
- 150-200 мл топла вода
- 12 гр свеж квасец
- 3 лажици масло
- 1 лажиче сол
- 1/2 лажиче шеќер
- Фил
- 800 гр блитва или спанаќ
- 450 гр урда
- 8 јајца
- 1 лажиче мајоран
- малку рендано морско оревче
- по потреба сол
- 1 лажица презла
- За прскање на корите
- по потреба масло
Подготовка
Традиционална солена торта која се подготвува за време на Велигденските празници во Италија. Филот може да се направи од блитва или спанаќ. Јас во овој рецепт употребив блитва.
Во сад ставете го брашното, квасецот, маслото, солта, шеќерот и со водата замесете тесто. Оставете го да скисне и за тоа време подгответе го филот.
Листовите блитва сварете ги во зовриена посолена вода неколку минути колку да омекнат. Потоа убаво исцедете ја од водата и ситно исецкајте ја . Ставете ја во сад, додајте го сирењето, две јајца, зачините, презлата, посолете по вкус и измешајте.
Тестото поделете го на еден поголем дел и три помали.
Од поголемиот дел на набрашнета површина расучете кора да биде поголема од калапот (тепсивче бр 26) намачкајте го со масло и ставете ја кората, попрскајте ја со масло.
Земете еден помал дел и расучете кора во големина на дното, ставете ја во калапот и попрскајте ја со масло. Во иста големина расучете ја и втората кора и ставете ја во калапот.
Ставете го филот и порамнете.
На пет места од страна и едно на средина направете дупчиња (одприлика големи колку едно јајце) и во секое скршите по едно јајце (не мора да се големи) и малку посолете ги.
Расучете кора со третиот дел и ставете ја над јајцата. Превиткајте ја кората што виси и попрскајте ја со масло.
Загрејте ја рерната на 180-190 степени и печете ја околу 50 минути.
Се служи топла или ладна со јогурт.
Совет
- Јајцата во филот можат да се стават и варени како што е на сликата бр.4.
- Не треба да биде празник, доколку го сакате спанаќот или блитвата и е нивна сезона направете си ја тортата навистина е многу вкусна.