Откако имав еден неуспешен обид за рецепт еве ме со нов, малце каснам со сезоната на костени, но за таквите како мене што имаат складирано залиха ќе им се најде, ако не секогаш имате костен пире во големите маркети.

Сварете ги костените со малку сол, цели сосе лушпа. Зависи од костените, но ќе се варат некаде 20-30 минути. Вадете го пирето така што ќе ги пресечете на пола и ќе го извадите со лажичка. Пирето и малку топла вода (може да ја искористите таа во која ќе ги закиснете урмите претходно) измиксајте ги во блендер или пак со алатка за пире направете убаво пире, мазно и без грутки. Додајте ги сите состојки и измешајте убаво. Во добар блендер тоа оди за час, но ако имате помал и со помала моќност ви препорачувам тоа да го правите на неколку пати, не наеднаш. Малку нека отстои смесата и правете бомбици кои ќе ги валкате во кокосови снегулки. Оставете да се стврднат бомбиците и вуала, прекрасни, превкусни и посни веге бомбици.

Совет! Јас додадов наместо рум или ликер малку Бејлис, преубав вкус. Моите се прилично големки, но може да ги правите слободно помали и така повеќе ќе излезат.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови