Костен бомбици (Стар рецепт)
Подготовка:
1. ЗПотребно е околу 300-400гр костени - живи. Нив ги ставаме во сад со вода и ги вариме додека убаво не се сварат. Топли ги лупиме, прво од надворешната лушпа, а потоа и од внатрешната лушпа. Со вилушка ги пасираме.
2. Во еден сад налеваме вода и оставаме на оган да се загрева. Во друг сад ги ставаме путерот, нутелата, чоколадото и млекото. Овој сад го ставаме над садот со вода и мешаме, се додека не се изедначат состојките. Тргаме на страна, па го додаваме чоколадниот ликер, лешниците, костен пирето.
Убаво соединуваме и оставаме смесата да се излади.
3. Потоа формираме бомбици. Пола ги валкаме во шарени чоко трошки, а пола во мелени лешници.
Уживајте.
* Овој рецепт е дел од изгубените рецепти.
Лиценца: Сите права се задржани