Костен бомбици (Стар рецепт)
Состојки
- 150-170гр костен пире-домашно подготвено
- 1лажица нутела
- 1лажица путер
- 1лажица млеко
- 80гр млечно чоколадо
- 1лажица чоколаден ликер
- 50гр грубо мелени печени лешници
- за валкање шарени чоко трошки и мелен лешник
Подготовка
Подготовка:
1. ЗПотребно е околу 300-400гр костени - живи. Нив ги ставаме во сад со вода и ги вариме додека убаво не се сварат. Топли ги лупиме, прво од надворешната лушпа, а потоа и од внатрешната лушпа. Со вилушка ги пасираме.
2. Во еден сад налеваме вода и оставаме на оган да се загрева. Во друг сад ги ставаме путерот, нутелата, чоколадото и млекото. Овој сад го ставаме над садот со вода и мешаме, се додека не се изедначат состојките. Тргаме на страна, па го додаваме чоколадниот ликер, лешниците, костен пирето.
Убаво соединуваме и оставаме смесата да се излади.
3. Потоа формираме бомбици. Пола ги валкаме во шарени чоко трошки, а пола во мелени лешници.
Уживајте.
* Овој рецепт е дел од изгубените рецепти.