11
јан
2021
Мраморни бомбици со костен и рум
1,Во мал сад на многу тивок оган ги ставаме да се соединат путерот, шеќерот, чоколадото, млекото. Кога смесата е изедначена тргаме од оган, додаваме рум, мелен орев и варени, па пасирани костени. Смесата со рака убаво ја соединуваме. Оставаме во фрижидер да се стегне.
2. Потоа формираме бомбици. Ги потопуваме во растопено црно чоколадо, во кое има во средината на садот, додадено растопено бело чоколадо. Оставаме да се просушат на воздух.
Потоа ги сервираме.
Лиценца: Сите права се задржани