Совршени костен- рум-чоколадни бомбици. Измамија насмевка и вистинско воодушевување кај сите што ги пробаа.

Подготовка
1. Варените костени ги чистиме од лушпата, ги мериме и ги ставаме во чашката од Нутрибулет или некој друг блендер.
2. Го додаваме шеќерот во прав и рум екстрактот. Блендираме до соединување да ни се направи како пире.
3. Чоколадото заедно со путерот ги растопуваме и соединуваме на ниска температура или во микровална печка.
4. Ги додаваме кон пирето од костени, соединуваме, ама не претерума со мешање, за да ни останат делови од пирето несоединети со чоколадото, за да добиеме двобојни бомбици.
5. Смесата ја оставаме во фрижидер кратко, малку да се стегне, па формираме бомбици во големина по желба.