Испечати

Мраморни бомбици со костен и рум

Мраморни бомбици со костен и рум

Состојки

  • 150 гр костен пире- околу 300 гр цели костени
  • 100 гр мелен орев
  • 2 лажици шеќер
  • 1 лажиче рум
  • 100 гр црно чоколадо
  • 40 гр путер
  • 2 лажици млеко
  • За декорација по 80 гр бело и 50 гр црно чоколадо

Подготовка

1,Во мал сад на многу тивок оган ги ставаме да се соединат путерот, шеќерот, чоколадото, млекото. Кога смесата е изедначена тргаме од оган, додаваме рум, мелен орев и варени, па пасирани костени. Смесата со рака убаво ја соединуваме. Оставаме во фрижидер да се стегне.

2. Потоа формираме бомбици. Ги потопуваме во растопено црно чоколадо, во кое има во средината на садот, додадено растопено бело чоколадо. Оставаме да се просушат на воздух.

Потоа ги сервираме.