14
апр
2015
Варено јајце поховано со компир и спанаќ
Компирот сварете го, спанаќот обарете го.
Откако ќе се свари компирот, изгмечете го со вилушка и додадете го спанаќот, претходно исцеден од водата и ситно исецкан.
Додадете зачин, сол и малку бибер.
Ставете го и јајцето и измешајте се заедно. Ако е премногу течна смесата додадете уште варен компир.
Со смесата обложете го вареното јајце од сите страни. Истата постапка повторете ја со сите јајца додека има смеса. Инаку од истата можете и ќофте да си направите.
Пржете на поголема количина загреано масло.
Многу вкусно......
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови