Димениот лосос и јајцата се одлична комбинација за појадок особено ако станува збор за кајгана или за јајца Бенедикт подготвени со јајца на око. Но, ова е малку пософистицирана салата со меко варени јајца, додека жолчките да омекнат и да станат кремасти.

Преземи го рецептот во PDF

Состојки

  • 2-3 јајца
  • 3 млади компири
  • 75 грама димен лосос
  • Власец
  • Мајонез
  • 1 лимон
  • Листови зелена салата

Ќе ви треба и:

  • Сол, бибер и маслиново масло

За подготовка на овој рецепт користиме Делимано Длабока тава со рачки и Сад за сос.

Подготовка

Чекор 1: Исечкајте ги компирите и варете ги во солена вода со маслиново масло – доколку добро ги зачините сега компирите, тогаш нема да има потреба да додавате зачини подоцна во подготовката.

Чекор 2: За да ги сварите јајцата доволно ви е да вријат 6 минути. Потоа ставете ги во ладна вода за да се оладат пред да ги лупите. Најдобро е јајцата да бидат недоварени за жолчката да им биде мека, кремаста, па дури и малку течна. Сепак, варете ги јајцата според вашите желби.

Чекор 3: За да ја послужите салатата употребете ја вашата креативност, но внимавајте најголемо внимание при декорацијата да им обрнете на компирите, лососот и јајцата. На крај додадете уште малку мајонез, власец и лимон.

СОВЕТ: Зачините се клучни за оваа салата – димениот лосос е природно солен па затоа внимавајте на тоа колку сол и бибер ќе додадете во салатата. Оваа салата е полна со протеини и хранливи состојки, па може да ја јадете како главно јадење!