Разматено варено јајце
Ова не е рацепт, ова е финта ; )
Да сварите преходно разматено јајце!
Идејата ја видов на видео и морав да пробам : )
Првиот пат, следејќи ги постапките, не успеав, но, потоа на 2от и 3от пат ударнички мораше барем приближно да го биди ; )
И, бидна.
Со таа разлика што кај мене упорно јајцата пукаа во варењето, па дали од тоа мазната површина им беше нерамна (не верувам) или (повеќе можно) требаше некаде над 30 пати да го пробам повторувањето, кое сега ќе ви го објаснам.
За овој експеримент, ви треба да сте ужасно љубопитни, упорни и спремни на мал физички напор ; )
Потребна е блуза со долги ракави. Јајцето се става во ракавот, некаде на средина и од двете страни се врзува со конец – да се фиксира.
Потоа, ракавот го држите на краевите и енергично го вртите јајцето во правец на неговата замислена оска, отприлика 4, па и 5 пати и потоа ракавот наеднаш го оптегнувате.
Постапката во видеото вели дека треба да се повторува 10 пати. Но, малку е. Повторете ја минимум 20. Битно е потезите да се енергични, а исто така битно е тоа да го правите со свежи јајца, затоа што во обратен случај, можи да не се вроди со очекуваниот резултат.
Е, очекуваниот резултат на опишаната постапка треба на крај, откако потоа нормално го сварите јајцето/јајцата, да резултира со еднобојно варено јајце (јајце на кое пред варењето сте им ги измешале/разматиле белката и жолчката)
Каков е вкусот?
Интересен, во секој случај : )
Коегзистенција на белка со вкус на жолчка : ) барем јас така го доживеав.
Лиценца: Сите права се задржани
Ne, sala na strana, mnogu e zanimlivo, a moze da se najde i korisno na onie majki cii deca ne sakaat da jadat zolcka od jajceto. Ili belka, seedno :))
Остај децата, вака и гости можиш да збуниш ;) Е, сега ова ти иди кокошките на комшијата и разматени јајца неселе хаха...
Затоа и во колаж ја направив сликата. Првиот пат беше неуспешен, а долните слики, тие со меурчињата се од вториот обид и тие две горе, над нив се од третиот :) И блузата можи мака виде, ама рацете прашај како поминаа :)
Затоа и во колаж ја направив сликата. Првиот пат беше неуспешен, а долните слики, тие со меурчињата се од вториот обид и тие две горе, над нив се од третиот :) И блузата можи мака виде, ама рацете прашај како поминаа :)
Mnogu interesno! :)
Светулче, видеото каде јас видов беше исто така со блуза и среќа што не беше со хулахопка хаха како што се тегни таа имаше да ја измалтарам цела кујна :))) Дури и се потрудив да снимам видео како јас го правам тоа и поставив и линк од идејното видео, но веројатно ја претерав со линковите, па беа ускратени :)