
Варено вино
На оган се става водата да зоврие со шеќерот.
Па се додават каранфилчето, зрната црна пипер, стапчето цимет и виното.
Се вари на умерен оган, околу 20 мин., т.о. додека да дојди до точка на вриње, не смее да проврие.
Се трга од оган и се додава 1 круг од портокал.
Малку стои, да здивни што велам јас, се процедува и се налева во чашите.
Се пие топло.
Уживајте!
Лиценца: Сите права се задржани