Испечати

Варено вино

Варено вино

Состојки

  • За една чаша од 200 мл.
  • 1/3 од чашата вода
  • 2/3 од чашата црвено вино
  • 1 зрно црна пипер
  • 1-2 лажици шеќер - по вкус
  • 1/2 круг од портокал или по вкус
  • по вкус цимет и каранфилче
  • *За две чаши ставив - 2 лажици шеќер, 1 каранфилче, 1 стапче цимет, 1 круг портокал, 2 зрна црн пипер

Подготовка

На оган се става водата да зоврие со шеќерот.
Па се додават каранфилчето, зрната црна пипер, стапчето цимет и виното.
Се вари на умерен оган, околу 20 мин., т.о. додека да дојди до точка на вриње, не смее да проврие.
Се трга од оган и се додава 1 круг од портокал.
Малку стои, да здивни што велам јас, се процедува и се налева во чашите.
Се пие топло.
Уживајте!