Вкусот што го дава путерот го прави неверојатен вкусот. Лесно за подготовка уште полесно за јадење хихи..
Јајцата се лупат и се сечат на пола по должина. Во тефлонско тавче се става путерот со маслиновото масло да се стопи и кога ќе биде врело се ставаат јајцата најпрво со жолчката нагоре, па по кратко се превтруваат и се вадат од маслото. Се става прво буковецот, па потоа црвениот пипер, се меша убаво и се трга на страна. Јајцата се ставаат на чинија со жолчката надолу. Одозгора се потура од сосот со буковец и црвен пипер.
На здравје !!!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови