Во последно време ми прејде во навика да ги изненадувам блиските со торта за роденден, место да се купи чоколадо. Повод беше роденденот на мојот најдобар другар. Едноставна и лесна торта за подготовка иако има цел список на состојки.

1. Во сад за матење ставете го јајцето, солта и шеќерот и матете додека не се растопи шеќерот. Потоа постепено додадете ги јогуртот и зејтинот. Во сад на страна просејте го брашното и пецивото па додадете ги во садот за матење. На крај додадете ја и ванилата. Калап со бр.20 обложете го со хартија, па претурете ја смесата и ставете да се пече во претходно загреана рерна на 180С. Проверете со чепкалка дали е готова (околу 20мин.)
2. Во сад на оган ставете го скоро целото млеко, шеќерот и ванилата да се варат. Во преостанатото млеко раствортете го пудингот, па кога млекото ќе зоврие додадете и мешајте за убаво да се згусне. Тргнете на страна и оставете да се олади целосно.
Во сад за матење ставете го омекнатиот путер и шеќерот во прав и матете додека се добие убава пенеста смеса. Додадете го оладениот пудинг и матете да се соедини.
3. Кога тестото е испечено извадете го, оставете 10тина мин во калапот да се олади па извадете го на решетка и отстранете ја хартијата. Додека е млако тестото премачкајте убаво со еурокрем (оставен на собна температура да омекне).
Врз еурокремот наредете ред бисквити претходно потопени во млеко. Преку бисквитите повторно премачкајте со еурокрем. Врз еурокремот ставете го скоро целиот ванила крем и убаво израмнете. Од горе повторно наредете ред бисквити и премачкајте ги со преостанатиот еурокрем.
Од страна целата торта премачкајте ја со ванила кремот. Ставете во фрижидер да се стегне.
4. Шлагот подгответе го според упатството. За поголема цврстина секогаш го подготвувам со малку помалку млеко. Премачкајте ја целата торта и декорирајте по желба. Мојата декорација според поводот =)

Добар апетит =)

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани