Киндер торта со еурокрем
Пандишпан
Се матат белките со шеќерот во цврст снег. Се додаваат и двете цели јајца и се мати уште кратко. Потоа се додаваат останатите состојки, се промешува се заедно со лажица и се става во правоаголен плех, се пече на 200 степени, околу 20 мин.
Фил
Од млекото малку се одвојува за да се промешаат жолчките со пудингот, а останатото млеко со шеќерот се ставаат на оган да почне да врие, па се додаваат жолчките со пудингот и се вари крем. Откако кремот ќе се згусти се трга од оган да се излади. Се уработува еден маргарин и се соединува со оладениот крем, па кремот се дели на два дела, во едниот се додава растопеното црно чоколадо, а во другиот се додава растопеното бело чоколадо.
Се филува прво кора, па се премачкува со целиот крем, па се редат половина од бисквитите, па се става од чоколадниот фил, па повторно бисквити, и на крај од белиот фил.
Врз белиот фил на крајот изрендав чоколадо.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови