Бухтли со мармалад од сливи
Оваа количина е доволна за тавче бр.28
Во сад се става брашното, квасецот и останатите состојки за тестото. Се меси да се добие глатко тесто. Се остава да нарасне на топло место 30мин.
Потоа се премесува тестото и се расукува тесто со дебелина колку прстот. Се сечат правоаголници и се става по едно лајче мармалад од сливи (јас така ставив) Може и еурокрем.
Секој правиаголник се обликува во топче. Треба внимателно да се затвори топчето за да не се отвори во текот на печењето. Секое топче се премачкува обилно со стопениот маргарин 50гр или 100гр и се ставаат во подмачкано тавче бр.28.
Се покриваат со крпа и се оставаат да надојдати се печат на средна температура 35мин на 180С. Кога ќе се испечат се наросуваат со шеќер во прав. Наздравје!
Лиценца: Сите права се задржани