Прекрасна декорација со која ке ги воодушевите вашите гости. Празот го чистиме, миеме и долниот крај го отсекуваме. Го пресекуваме на четири дела, меѓутоа не сосема до крај, оставме мал дел (не пресечен) кој ќе ни биде дршката на букетот.
Потоа ливчињата праз ги разлистуваме едно по едно и ги завртуваме навнатре во вид на панделка. Оставаме две три ливчиња кои ке паѓаат надвор од чашата во која декорираме. Дел од средните ливчиња истотака оставаме несвиткани, на кои подоцна ке ги ставиме цветовите. Цветовите од моркови се прават така што го лупиме морковот накосо, во тенки ливчиња. На секое ливче му ја отсекуваме средината (од која подоцна истотака правиме цвет) и краевите ги спојуваме со чечкалица. Истото го правиме и со роквиците. Потоа со помош на чепкалка се прикачуваат на букетот.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови