Брзо Трилече
Белките со миксер се матат во цврст снег, една по една се додаваат десетте лажици шеќер и двете жолчки. Се исклучува миксерот. Се додава брашното измешано со пецивото и бисквитите. Со лажица убаво се изедначува смесата и се истура во правоаголна тава бр 40 обложена со пек хартија. Се пече на 180 степени околу 40 минути.
Откако убаво ќе се испече, уште жешка се вади тестото од тавата, се отстранува хартијата. Во еден сад настрана ги помешуваме млекото и хоплата и добиената течност половина се истура во тавата каде ни се печеше тестото. Тестото се враќа во тавата и одозгора се потура со остатокот од течноста. Уште веднаш се премачкува со карамелот. Јас ставам малку подебел слој а доволно е сосем тенко да се премачка. Се остава да ја впие сета течност и убаво да се излади, па се сече. Се лади на собна температура, потоа може да се прибере во фрижидер.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови