Многу брзо, многу лесно и едноставно, а превкусно.

Јајцата ги кршиме и ги делиме белките од жолчките. Во садот за матење ги биеме белките да станат цврст снег. Ги додаваме жолчките и матиме со миксерот да се изедначи смесата. Го додаваме брашното помешано со пецивото. Печеме во правоаголна тава бр 40 обложена со хартија за печење. Печеме 10 минути на 220 степени и уште 20 минути на 180 степени. Не ја отвораме рерната додека се пече. Штом е готово, го оставаме да се излади, ја отстрануваме хартијата и со вилушка го избоцкуваме тестото од сите страни. Го враќаме тестото во тавата.

Во тенџере на оган го зовриваме млекото со шеќерот. Штом проврие го тргаме настрана и ја додаваме слатката павлака.
Го вадиме тестото од тавата и во неа ја истураме половината од преливот. Во течноста го ставаме печеното тесто и го потураме со остатокот од течноста. Ни сама не верував дека ќе го впие сето млеко. Остана на дното само малку.
Најгоре мачкаме со карамелот.

На здравје трилече

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови