Ова е еден мој предлог за подготовка на едноставна брза пица,се надевам дека ќе ви се допадне.

Подготовка
На почеток во длабок сад го ставаме брашното, квасецот, солта, шеќерот и замесуваме со јогурт и зејтин. Треба да добиеме убаво мазно тесто кое ќе ни се одлепи од садот, тестото го оставаме да надојде петнаесетина минути.
Од тестото формираме две поголеми пици врз секоја од нив ставаме тенко сечени кругови домат. Врз доматите ставаме сецкан кромид, пиперки, маслинки, печурки, пилешко филе и посолуваме со оригано и буковец.

Пицата ја печеме на предходно загреана рерна на 200степени петнаесетина минути додека не добие златна боја кората од страна. Потоа ја вадиме рерната ја исклучуваме го рендаме кашкавалот посолуваме сусам и повторно ја враќаме во релна десет минути. Ова го правиме кашкавалот да не се препече и стврдне туку да биде само растопен врз пицата.
Пицата ја вадиме од рерна и од тавата за печење ја оставаме да излади и дегустираме.
Добар апетит!!!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани