19
окт
2014
Брза пита со праз и сирење
Јајцата се матат со миксер, па се додава водата, маслото и млекото. Пецивото се меша во брашното и потоа постепено брашното се додава во течните состојки. Се мати на тивко. Потоа се додаваат сирењето и ситно насечканиот праз.
Смесата се става во намрзено и набрашнето тавче бр. 34 и се пече во загреана рерна на 200 степени.
Шољата е од 150 мл.
Брашното е црно тип 950.
Лиценца: Сите права се задржани
Кога имаш многу критичари по дома, ќе менуваш рецепти....ќе дотураш...ќе одземаш...ќе комбинираш ...се за да им погодам и да биде разноврсно...:))))
А јас пак си имам само еден маанџија по дома, тој не јаде праз, не јаде печурки...не јаде ова, не јаде она, како да не е од ова семејство:)))