Брза пита со праз и сирење
Состојки
- 4 јајца
- 3 шољи кисела вода
- 1 шоља масло
- 1 шоља млеко
- 500 гр брашно
- 100 гр ситно сирење или урда
- 1 страк праз (помал)
Подготовка
Јајцата се матат со миксер, па се додава водата, маслото и млекото. Пецивото се меша во брашното и потоа постепено брашното се додава во течните состојки. Се мати на тивко. Потоа се додаваат сирењето и ситно насечканиот праз.
Смесата се става во намрзено и набрашнето тавче бр. 34 и се пече во загреана рерна на 200 степени.
Шољата е од 150 мл.
Брашното е црно тип 950.