28
авг
2013
Брз колач од кршен пандишпан
Во подлабок сад ставете го искршениот пандишпан, ресаните исечени на четвртинки, сецканите крем бананки и сецкано бело чоколадо.
Пудинзите сварете ги со млекото и шеќерот. Откако ќе се згусти додајте го маргаринот и мешајте додека се растопи.
Оставете го сварениот пудинг малку да се олади, а потоа додајте го во садот со искршениот пандишпан.
Убаво со мешање соединете ја смесата, а потоа истата распоредете ја во правоаголен плех.
Шлаг кремот изматете го според упатството на кесичката и нанесете го одозгора врз колачот.
Наросете со чоколадни мрвици и оставете го во фрижидер 1 час.
Лиценца: Сите права се задржани
Состојките истотака убави, па верувам дека ова парче торта се топи во уста :)
https://www.youtube.com/watch?v=UZ7wq63Fd-M