Брз колач од кршен пандишпан
Состојки
- 700гр. готов кршен пандишпан
- 2 паковки ресани
- 150гр. крем банани
- 50гр. бело млечно чоколадо
- 2 пудинга од ванила
- 1 литар млеко
- 2 кесички шлаг крем од чоколадо
- 6 лажици шеќер
- 2/3 маргарин
Подготовка
Во подлабок сад ставете го искршениот пандишпан, ресаните исечени на четвртинки, сецканите крем бананки и сецкано бело чоколадо.
Пудинзите сварете ги со млекото и шеќерот. Откако ќе се згусти додајте го маргаринот и мешајте додека се растопи.
Оставете го сварениот пудинг малку да се олади, а потоа додајте го во садот со искршениот пандишпан.
Убаво со мешање соединете ја смесата, а потоа истата распоредете ја во правоаголен плех.
Шлаг кремот изматете го според упатството на кесичката и нанесете го одозгора врз колачот.
Наросете со чоколадни мрвици и оставете го во фрижидер 1 час.