Брз колач
Правењето на колачот е многу едноставно. Нема потреба од миксирање. Се се реди директно во тавата, на слоеви и се печи.
1. Во правоаголна тава (25*32 цм) најпрво ставете хартија за печење, па турете го стопениот маргарин. Размачкајте го.
2. Потоа врз маргаринот ставете ги здробените кекси (гледајте тоа да не се обични бисквити туку некои со убав вкус, јас ставив со вкус на путер). Кексите ги здробив во крпа, преку нив поминав со сукало. Распоредете ги убаво, насекаде во тавата.
3. Преку кексите ставете го ренданото чоколадо, а може да има и по некое покрупно парченце. (употребив ноисет)
4. Потоа следува кокосот.
5. Најгоре ставете ги крупно сомелените лешници и ореви.
6. Завршуваме со кондензираното млеко кое рамномерно ќе го прелите преку целата смеса.
Приклучете ја релната на 180 степени и додека се загрее, смесата убаво ќе прими од млекото. Печете го колачот триесетина минути. Одозгора ставив плус и бадем исечкан на ливчиња, ама и не мора да го има. Забележувате дека нема шеќер, а ако мислите дека нема да ви биде слатко тогаш можете и да ставите некоја рака шеќер преку оревите.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
А и неколку добронамерни забелешки од наша страна. Најпрво, знаеш дека си замислуваме колку поубаво би изгледал со подобра фотографија (со подобар колор), а исто така препорачуваме да не се ставаат фотографии со дата на нив.
И мора да забележиме дека кога ќе го правиме колачов во Делимано Ростерот, нема да ставиме хартија за печење од долу :)
Искрено, МоиРецепти
Те очекуваме со нови рецепти и убави фотографии.
Поздрав :)
Anica, mnogu mi e zal sto kolacot vi bese bez nikakov vkus, ama sepak se raboti za vkusovi :) pozzzz
ПОздрав.
Фала за рецептот, повели сличе од ова. А тука ќе ти кажам исто така дека и лиснатите вафли ги направив. Слика нема, се се мана во момент, ама пак затоа дечките ти испраќаат благодарност за убавиот појадок :)
заборајв да кажам и тоа дека путерот изгледа солен ќе да беше. пак си беше убаво :)))