Испечати

Брз колач

Брз колач

Состојки

  • 100 гр маргарин
  • 130 гр кекси
  • 200 гр чоколадо
  • 100 гр кокос
  • 130 гр лешници и ореви (мешано)
  • 400 мл кондензирано млеко

Подготовка

Правењето на колачот е многу едноставно. Нема потреба од миксирање. Се се реди директно во тавата, на слоеви и се печи.
1. Во правоаголна тава (25*32 цм) најпрво ставете хартија за печење, па турете го стопениот маргарин. Размачкајте го.
2. Потоа врз маргаринот ставете ги здробените кекси (гледајте тоа да не се обични бисквити туку некои со убав вкус, јас ставив со вкус на путер). Кексите ги здробив во крпа, преку нив поминав со сукало. Распоредете ги убаво, насекаде во тавата.
3. Преку кексите ставете го ренданото чоколадо, а може да има и по некое покрупно парченце. (употребив ноисет)
4. Потоа следува кокосот.
5. Најгоре ставете ги крупно сомелените лешници и ореви.
6. Завршуваме со кондензираното млеко кое рамномерно ќе го прелите преку целата смеса.
Приклучете ја релната на 180 степени и додека се загрее, смесата убаво ќе прими од млекото. Печете го колачот триесетина минути. Одозгора ставив плус и бадем исечкан на ливчиња, ама и не мора да го има. Забележувате дека нема шеќер, а ако мислите дека нема да ви биде слатко тогаш можете и да ставите некоја рака шеќер преку оревите.