Браунис со ораси и нутела
1. На пареа се ставаат путерот, чоколадата и нутелата да се стопат.
2. Сувите состојки се мешаат во посебен сад.
3. Кога ќе се стопат првите, се мешаат со сувите состојки, да се добие еднолична смеса.
Потоа се додаваат едно по едно јајцата со добро мешање со жица. Во тавче подмачкано со путер, се истура смесата и се пече во загреана рерна на 180 ст Ц, од 35-45 мин. Одозгора треба да има тврда коричка, ама внатре да е меко и сочно. Пробата со чепкалка кажува кога е испечено.
Се остава добро да се излади и се сече на големи коцки.
Овие големи црни коцки, наречени Браунис, се омилените колачи во Америка и Канада и не постои слаткарница во која не се продаваат. Се разбира, постојат многу рецепти за нив, но овие ги одбрав, зашто се парават многу лесно, само внимателно со печењето. Ако се препечат, ќе бидат суви и тоа веќе не е Браунис.
Се служат со кафе, бело вино, ликер...јас ги сакам со млеко.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
И сега начисто ќе се избламирам, ама морам да напишам :))) До сега цело време гледајќи ја сликата мислев дека шеќерот во прав е кујнска книга а под неа вметната етикета од нутела хаха... и цело време си мислев како и текнало на Аница ваква декорација да постави... кога тоа гледам јас, па ти имаш чинија со Нутела натпис!!??? Многу интересно :)