Испечати

Браунис со ораси и нутела

Браунис со ораси и нутела

Состојки

  • 150 гр путер
  • 200 гр нутела
  • 100 гр црна чоколада
  • 80 гр сецкани ореви
  • 65 гр брашно
  • 1 пак. прашок за пециво
  • 50 гр шеќер
  • 180 гр кафеав шеќер
  • 4 јајца

Подготовка

1. На пареа се ставаат путерот, чоколадата и нутелата да се стопат.
2. Сувите состојки се мешаат во посебен сад.
3. Кога ќе се стопат првите, се мешаат со сувите состојки, да се добие еднолична смеса.
Потоа се додаваат едно по едно јајцата со добро мешање со жица. Во тавче подмачкано со путер, се истура смесата и се пече во загреана рерна на 180 ст Ц, од 35-45 мин. Одозгора треба да има тврда коричка, ама внатре да е меко и сочно. Пробата со чепкалка кажува кога е испечено.
Се остава добро да се излади и се сече на големи коцки.

Овие големи црни коцки, наречени Браунис, се омилените колачи во Америка и Канада и не постои слаткарница во која не се продаваат. Се разбира, постојат многу рецепти за нив, но овие ги одбрав, зашто се парават многу лесно, само внимателно со печењето. Ако се препечат, ќе бидат суви и тоа веќе не е Браунис.

Се служат со кафе, бело вино, ликер...јас ги сакам со млеко.