Божиќна торта
За пандишпанот се матат белките со постепено додавање на шеќерот, се додаваат брашното, пецивото, оревите и какаото и се печат 4 кори во кружен плех бр. 26.
За филот се става млекото со шеќерот на оган, од млекото се одзема малку за да се разматат жолчките со брашното, па откако ќе зоврие млекото, се додава смесата со жолчките и се вари крем. Се трга настрана да се олади, па откако ќе се излади се мати маргаринот со миксер и се соединува со филот. 1/3 се одзема од филот и во него се додаваат мелените ореви попарени претходно со млеко. Во другиот дел од филот се додаваат сецканите ореви и растопените чоколади.
Слатката павлака се уработува исто така со миксер.
Се филува прво кора, па од филот со чоколадо, па слатка павлака, па кора па од филот со попарените ореви, па слатка павлака, па кора па од филот со чоколадо, па фил со слатка павлака и на крај пак кора. Се декорира по желба.
Четвртата кора и не мора, но јас бидејќи ја покривав со фондан затоа ја ставив, а може и само со три кори. Инаку тортата е преубава и богата со фил.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Za mnogu godini!!!