Божиќна дрво торта
Палењето на трупец е божиќна традиција во Европа која датира уште од средновековното време. Луѓето внимателно избирале новогодишна елка, ја носеле во својот дом и го ставале крајот во огнот. Целото дрво било изгорено и огнот горел цел ден. Нешто слично како традицијата на горење на дрва кај нас за Коледе.
Позната и како Бûцхе де Ноëл, тортата е направена врз основа на таа стара традиција. За наша среќа, ова дрво нема да го изгориме - туку ќе го јадеме! Во основа, тоа е ролат од чоколаден пандишпан кој е исполнет со крем и покриен со чоколаден ганаш и направен да изгледа како трупец.
Верзијата што ја споделувам со вас денес е прекрасно нежна чоколадна торта исполнета со шлаг со маскарпоне и покриена со чоколаден ганаш. Украсувањето е по желба, останува на вашата креативност и имагинација.
Подготовка
1. Загрејте ја рерната на 180 степени. Обложете го плехот со хартија за печење (задолжително).
2. Во чинија измешајте ги брашното, какаото, прашокот за пециво и солта и оставете ги на страна.
3. Во поголем сад изматете ги жолчките и шеќерот, изматете ги добро да се соединат. Додадете ја павлаката, растопениот путер и екстрактот од ванила и изматете додека убаво не се соедини. Додадете ги сувите состојки и нежно изматете додека добро да се соединат, а потоа оставете ги на страна.
4. Ставете ги белките во голем сад и изматете ги со голема брзина додека не се формира цврста пена. Истурете околу 1/3 од белките во другата смеса и нежно измешајте со шпатула. Повторете ја постапката уште 2 пати. Не мешајте силно. Сакаме да ја задржиме воздушестата структура на целата смеса.
5 Истурете ја смесата во плехот и убаво распоредете ја. Печете 10-12 минути на 180 степени или додека горниот дел од колачот не се запечи и вметнатата чепкалката за заби, не излезе чиста. Извадете го пандишпанот после печење веднаш од плехот, заедно со хартијата за печење и ставете ја на маса.
6. Додека пандишпанот е жежок, со помош на хартијата завиткајте го во форма на ролат од долгата страна. Оставете го на страна да се излади целосно.
7. Кога пандишпанот целосно ќе се излади и ќе биде готов за филување, направете го филот. Изматете ги хоплата, шеќерот во прав, екстрактот од ванила и солта во голем сад. Во изматениот шлаг додадете го маскарпонето и изматете убаво. Ако го правите филот кафеав, додадете и 2 лажици какао крем и изматете. Одвиткајте го пандишпанот внимателно и отстранете ја хартијата за печење. Распоредете го филот рамномерно врз пандишпанот и повторно завиткајте го во форма на ролат. Ставете го во фрижидер најмалку еден час да се стегне.
8. Во меѓувреме припремете го ганашот. Загрејте ја хоплата, додадете го чоколадото и путерот. Измешајте убаво да се соединат убаво сите состојки. Оставете го ганашот да се излади малку на собна температура, па ставете го во замрзнувач за побрзо ладење. После извадете го и изматете го со миксер. Изматете со голема брзина, додека не стани доволно густ за нанесување.
9. За декорација на тортата, користете голем назабен нож и нежно во дијагонала отсечете едно парче околу 8 цм долго. Со малку ганаш, залепете го парчето на поголемиот дел од дрвото. Со преостанатиот чоколаден ганаш, намачкајте врз целата торта, а потоа со вилушка или остар нож, направете шари кои ќе потсеќаат на кора на дрво. Декорирајте по желба. Оставете го колачот во фрижидер убаво да се стегни.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
сликата совршена, баш празнична