Биберли се швајцарски медењаци, со марципан полнеж и посебен шмек од вообичаените. Малку се бара да се вложи труд околу спремањето, но резултатот несомнено се исплати.

Медот, шеќерот, маслото и водата или млеко ставете ги во мал огноотпорен сад и загревајте ги на умерена температура додека заедно не се растопат и спојат. Оставете да излади.

Во сад за месење, ставете го брашното, мешавината за медењаци и пецивото и измешајте. Додадете ја оладената течна смеса од мед и измесете во тесто. Оставете го на ладно околу половина час.

Марципанот поделете го на 3 дела. Секој дел со раце обликувајте го во валјак со дијаметар од околу 1 см.

Тестото исто така поделете го на 3 дела и секој дел исукајте го во должина на марципанот и ширина од околу 7 см. Имајте во предвид дека тестото е многу лепливо. Работете, т.е. сукајте помеѓу 2 листа пек хартија. Ќе дадете и труд и малку повеќе сила и убаво да го истенчите (бидејќи нема да ви оди едноставно и лесно. Барем мене не ми беше Ч ) )
Ставете го исуканиото парче марципан скоро во средина и со помош на пек хартијата заролате го.
Со остар нож, кој често ќе го побрашнувате за да не лепи, сечете мали парченца од 1 см одприлика. Секое истркалајте го со набрашнети раце како бомбица. Во случајот да се измазни малку секое парченце и да добие компактен облик.
Постапката повторете ја и со останатите 2 дела од тесто и марципан.

Плехот од рерната обложете го со пек хартија. Наредете ги сите колачи во него на пристојна оддалеченост.
Страничниот дел каде се гледа марципанот убаво е ако го премачкате со белка за да не дојди случајно до можност истиот од топлината да истечи, иако сметам дека и само со павлаката во овој случај, готов купен марципан нема да има проблем. Премачкајате ги и одозгора.

Печете во загреана рерна на 180С во средишниот дел на рерната 10 минути.
Штом се извадат од рерна веднаш премачкајте ги пак со павлака.

Можат да се конзумираат уште истиот ден, но ќе бидат малку тврди, особено долниот дел. Вистинската дегустација почнува откако ќе отстојат 3 дена.

Уживајте, среќни празници!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови