Бели пралини со пудинг од боровинка
Колачиња кои често си ги спремам настојувајки секој пат да имат поинаков вкус. Овој пат сакав да испробам каков вкус ќе имаат со пудинг.
На тивок оган ставете го млекото и шеќерот и мешајте додека шеќерот се стопи. Потоа во тенџерето додајте го прашокот за пудинг и густинот и мешајте постојано, додека смесата се згусти.
Тргнете го тенџерето од оган и оставете го да се излади.
Во мегувреме во сад за матење ставете го омекнатиот маргарин и шеќерот во прав и изматете ги пенесто, а потоа додајте ги кон изладената смеса и изматете ги заедно.
Во сад на пареа ставете го чоколадото да се топи и со него чоколадирајте ги силиконските калапчиња. Ставете ги во фрижидер да се стврдне чоколадото, а потоа во секоја вдлабнатина од калапите ставете до половина од смесата, а одозгора ставете по малку сецкано чоколадо. Нанесете уште еден слој од смесата и ставете во фрижидер да се стегне. Извадете ги од фрижидер и затворете го секое колаче со еден слој растопено чоколадо.
Вака подготвените пралини ставете ги во фрижидер да отстојат 1 час.
Лиценца: Сите права се задржани
Sega samo jas li pralini nema da imam :)))))
да боите се навистина прекрасни,а и за вкусот не се сомневам